СРЕДБА/ДОПИР
Atanasija Gulevska
На мисла допатува пред мене
За да те видам сега те гледам
Отвори очи и ликот мој ќе исчезне
Тебе барајќи те
Затвори очи во сон да се сретнеме
И пробај замисли ме
"Те барав во незавршениот страв на ѕвездата што паѓа
Не можејќи ништо да допре во просторот
Те барав во сè и сешто
Те барав а барајќи можев само да те сретнам
Но не и да те најдам но не и да те најдам"
Пробај замисли ме
Пробај измисли ме
Пробај замисли ме
Отелотвори ме
Не знам како да те љубам
Не знам како а те љубам
Не знам зошто јас те љубам
Не знам зошто а те љубам
Губам допир полека
Еден допир паметам
Во тебе исчезнува
Мојата небиднина
Не знам како да те љубам
Не знам како а те љубам
Не знам зошто јас те љубам
Не знам зошто а те љубам