Poblisku Do Bog

Strajk

Страјк:
Нели некад ти е скурца?
Некад не ми треба ни близок, ни другар
Едино светло во мене, месечината пуна
Ме неќеш? А ова тресе
Пак емоциите исушени, ко цвеќето во есен
Сум зло во етер, и бетер од тебе
Сум не во ред, извитоперен, злобно семе
Ко да се околу мене вене, дишам ладен ветер
Како секој здив да ми е прва и последна вечер
Го знаеш исходот. Ја ќе ти фалам ли ко кислород?
Кога на крајот ми го земаш истото?
Лагано, со тебе дружам и со ѓаволот
Околу тебе се врти тркалото, лудо
Знаеш кого сакам да исечам од уво до уво
Па само ти ли ми го цениш трудот?
А чуден е на смртта српот
И како градината може да мириса на мртво
Изгубени во вртлог, чувство грдо
Ти ме претвораш во копиле немилосрдно
Лошо, уживам во кошмар и во злото
Одмаздата тече во крвотокот прво
Само за да видам крв од грло
Знам, ти ќе бидеш тивка нема да ме кажеш никад
Трипам дека јас сум се што имаш
Чуваш ли моја слика?
Ја највеќе те знам, како платно слика
Губам од злото, на шах табла сфатив
Мислам на крај на игра, отворив со дамин гамбрит
Жртвував се, на жалост
На крајот не можев да го заштитам кралот
Е така паднав како Гари Каспаров
Ништо помалце од легендарно
А градот ќе го памти Страјк братот сега
Највеќе ноќта, дека пишувам за неа

X4
Повеќе светат ѕвезди, што потемна си ти
Но паѓаат во желби заборавени
А што подлабока е таа тага, таа бол
Тогаш сме сите ние, поблиску до бог

Most popular songs of Strajk

Other artists of Punk rock